Ресторан – 36 километри над земјата

Во 2015 година може да се отвори ресторан за авантуристи  кој ќе се наоѓа на 36 километри над земјата. Шпанска компанија развива апарат наречен „ ëblooní “ кој многу потсетува на балон. Всушност, уредот полн со хелиум, има закачена капсула во која мирно можат  да се сместат двајца пилоти и четвори лица  кои бараат вселенски авантури. Суб-орбиталниот меур ќе има можност да крене туристи во стратосферата на Земјата на височина од 36 километри.

Се разбира, тоа е малку поинакво од патување со вселенски брод, но патниците ќе можат да уживаат во незаборавен поглед кон хоризонтот на Земјата, чувство на бестежинска состојба и други вселенски убавини, по цена од  37 200 долари.

Прочитајте и:  Исланд ќе добива електрична енергија од вселената

2_0413721(3)

 

 

Раководителите на проектот велат дека летот може да се прилагоди во зависност од желбите на клиентот. Астронаутите и гостите по желба  ќе можат да  имаат и вечера во ресторанот   Zero2infinity, кој се наоѓа во капсулата. За лет со сите удобности цената ќе биде 141 650 долари.

2_0413722(3)

 

 

За враќање  машината е опремена со падобрани и осум воздушни перничиња, кои ќе го омекнат приземјувањето. Целиот лет со балон со дијаметар 130 метри ќе трае околу шест часа, од кои два ќе поминат  на висина на 20 километри. До 2015 година компанијата Zero2infinity размислува  да воведе редовни туристички летови до 36-тиот километар над Земјата.

- Реклама -