„Битка за пацификот“ на денот на светската премиера и во Милениум

На денот на неговата светска премиера (четврток, 11.07), „Битка за Пацификот“ (Pacific Rim), новото остварување на фантастичниот мексикански режисер Guillermo del Toro, осамнува на репертоарот на кино Милениум.

За филмот:

Режија: Guillermo del Toro

Улоги: Charlie Hunnam, Idris Elba, Rinko Kikuchi

Траење на филмот: ‘131

Жанр: Акција, Авантура, Научна Фантастика

Во очајниот обид да се зачува светот од апокалипсата, поранешен пилот и неговиот ученик се здружуваат за да управуваат со навидум застареното специјално оружје. Војната помеѓу човечкиот род и монструозните водни суштества продолжува на Пацификот.

[youtube]http://youtu.be/5guMumPFBag[/youtube]

 

Трендот на премиери во кино Милениум продолжува и месецов.До крајот на јули ги најавува: новото режисерско дело на Sofia Coppola, филмот „The Bling Ring“ и нормално приказната за суперхеројот “The Wolverine“.

 

- Реклама -