Вечни репризи кои сѐ уште „држат вода“

Летната телевизиска сезона е преплавена со репризи на серии. Одлучивме да составиме листа од неколку вечно репризирани хумористични серии кои, и покрај сѐ, уште ни се интересни и со задоволство ги гледаме.

„Friends“

И после толку години кога ќе погледнеме епизода од оваа серија се смееме како да ја гледаме прв пат.

[youtube]http://youtu.be/jgP9iFdVeUQ[/youtube]

„Everybody Loves Raymond“

Рејмонд е уште еден лик што ни влезе под кожа и не излегува и по толку репризи. Иако секоја трета американска хумористична серија зборува за семејството, оваа тоа го прави на сосема поинаков ироничен начин.

[youtube]http://youtu.be/aqK3LH2yFlY[/youtube]

„Two and a Half Men“

Иако повремено имаме прилика да гледаме премиерна епизода, прашање е колку серијата со Ештон е иста како со Чарли. Во секој случај серијата успева да нѐ насмее и шармира секој пат.

[youtube]http://youtu.be/UejtbWpx-6g[/youtube]

„Seinfeld“

Хуморот во серијата е безвременски и со секое ново гледање нуди исто задоволство.

[youtube]http://youtu.be/OECNwO_UyXM[/youtube]

„The Fresh Prince of Bel-Air“

Уште една легендарна серија која е една од најрепризираните кај нас, но секогаш со задоволство ја гледаме.

[youtube]http://youtu.be/IcHR4weOBis[/youtube]

Имате да додадете уште некоја серија на листата?

- Реклама -