Колку пати сте се обиделе да престанете со пушењето? Секоја чест за оние кои успеале во тоа, но повеќето само ги бројат неуспешните обиди. Но, најбитно е да се биде упорен и да не се откажете од намерата.
Турчинот по име Ибрахим (42) после неколку неуспешни обиди за откажување се решил на екстремен чекор. Тој направил кафез-кацига, ја ставил на глава и ја заклучил. Единствените два клуча ги поделил на својот син и сопруга, со цел да неможе да ја извади кацигата во моменти на криза.
Ибрахим продолжил со секојдневните обврски и воопшто не се срами кога е надвор помеѓу луѓето. Тој како што истакнал, бил пушач 26 години и очајно сака да ги остави цигарите.
Кацигата ја ставил пред два дена и од тогаш нема запалено ниту една цигара. 365 се надева дека Ибрахим ќе успее да ја победи оваа грда зависност и му искажуваме целосна подршка!