11 години подоцна, Ману Чао на Скопско лизгалиште

Единаесет години по еден од најдобрите концерти кои било кога се одржале кај нас, на 21. септември Ману Чао се враќа на истата локација, Скопското лизгалиште. Среќата повторно се враќа во Македонија со третата средба на легендарниот музички револуционер и публиката со која негува посебна љубов и поврзаност. Откако последен пат заедно го превртеа градот на „Таксират 12“ со екслузивниот концерт во Скопје пред стартот на турнејата „Balkan Happy Tour“, Ману Чао овој пат доаѓа во рамки на турнејата Ла Вентура и славеничката година на Таксират 15.

Македонија до сега имаше привилегија два пати да го угости извонредниот музичар и тоа, со концертот во 2002 и последниот и најпозитивен концерт на Таксират 12. Со успешната формула Ла Вентура (Маџид на гитара, Филип Тебул на тапани и Гамбит на бас гитара), Ману Чао повторно подготвува концерт со кој ќе ја излуди публиката со незаборавна атмосфера и целовечерна позитивна и разиграна енергија.

Прочитајте и:  Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при МАНУ одбележа 10 години постоење

Ману Чао Ла Вентура во секоја смисла е синоним за незаборавно искуство и исклучителна забава, која годинава во организација на „Пасворд Продакшн“, нѐ очекува на 21 септември на Скопското лизгалиште.

[youtube]http://youtu.be/DkIJbZoE3ps[/youtube]

- Реклама -