Диско трик – Затнете ги ушите!

Бучните средини, како што се музички концерти, клубови и спортски настани не се најдоброто место за разговори со вашите пријатели, но ако морате да размените неколку зборови, постои лесно решение –  затнете ги ушите и зборувајте со нормален тон.

disco club

Нежното затнување на ушите со прстите помага во филтрирањето на позадинската врева и дозволува полесно фокусирање на блискиот соговорник и она што тој го зборува. Вториот дел од трикот се состои од зборување со нормален тон, па дури и во ситуациите кога е неопходно да зборуваме непосредно блиску до увото на слушателот. Кога викаме, фреквенцијата на гласот се доближува до онаа на музиката во позадината и делумно се преклопува со истата, но зборувањето со нормален тон помага во издвојувањето на гласот од вревата.

14769708-happy-young-couple-flirting-and-dancing-on-the-dancefloor-in-a-night-club

Овој трик можеби нема да биде корисен при детална дискусија за последната епизода од Game Of Thrones, но дефинитивно ќе ви овозможи да размените неколку важни идеи во речиси било која средина.

- Реклама -