Минатата година дури 146 новородени девојчиња во САД го добија името Калиси. Ова е скок од 450% во однос на минатата година. Две години порано ова име не ни беше воопшто забележано во регистарот. Во што е тајната?
Името кое всушност и не е име, на јазикот кој всушнот и не постои, е приказна која се крие зад името Калиси.
Во прашање е име на јазикот дотраки на кој значи „кралица“. Доколку овој назив не ви е познат, во тој случај со сигурност не сте запознаени со серијата „Game of Thrones“, или пак со книгите на Џорџ Р.Р. Мартин „A Song of Ice and Fire“.
Писателот за потребите на креирањето на литературниот свет од фантазијата за опишаниот серијал, осмисли одредени целини на сосема нов јазик за народот наречен Дотраки.
Токму на овој јазик зборот „калиси“ значи кралица. После прикажувањето на серијата „Game of Thrones“ во Америка, секојдневно вртоглаво расте бројот на бебиња кои го добиваат името Калиси.
Меѓутоа, ова не е прв пат новороденчињата да добиваат имиња по книжевни јунаци и хероини.
Еден од сличните вакви случаеви во последно време, е поврзан со врвот на славната книжевна и филмска триологија „Господар на прстените“ кога огромен број на бебиња во САД, но и ширум планетата, го добија своетѕо име по хероината наречена Еовин.