Сангрија за летна забава со пријателите

Што е летна забава без коктели? Овој пат мислиме на сангрија, познатиот шпански напиток за кој не ви се потребни ниту скапи состојки ниту знаење на коктел мајстори. Се што ви е потребно се неколку намирници и забавата може да започне.

Потребни состојки:

1 излупено и тенко исечкано јаболко

1/2 тенко исечен портокал

1/2 тенко исечен лимон

2 лажици сок од портокал

2 лажици сок од лимон

1/4 шолја шеќер

1/4 шолја бренди

1 шише црвено вино

750 ml вода

Постапка:

Сите состојки помешајте ги во еден длабок сад, добро измешајте и оставете го во фрижидер во текот на ноќта. Следниот ден пијалокот е подготвен за вистинско зачинување на забавата. Послужете го заедно со неколку коцки лед.

erheheaw

- Реклама -