Со оглед на тоа што натпреварот на „National Geographic“ за најдобра патувачка фотографија се ближи при самиот крај, време е да погледнеме дел од досегашните фаворити кои се издвоија од останатите. За сите оние кои се заинтересирани, шансата да се аплицира е до 30 јуни, па затоа, доколку сакате да одите на патување низ Галапагос заедно со тимот на „National Geographic“, подобро побрзајте. Во меѓувреме, погледнете ја најсилната конкуренција.