Милкшејк за неподносливи топли денови

Мекдоналдс си отиде, но тоа незначи дека нема да пробаме веќе милкшејк. Овој напиток во суштина е многу едноставен и неговото припремање не одзема повеќе од 3-4 минути. Можете да искористите се што ви се наоѓа во кујната од слатко, сируп, овошје, прелив или само чоколадото за готвење. Основата за добар милкшејк е сладоледот, не е важно од што е(ванилата може да го прими секој вкус со одреден додаток како на пример какао), само да е замрзнат. Малку млеко и мраз во блендерот и веќе имате милкшејк. Предноста на овој напиток е што можете да  ја искористите вашата имагинација и да им го направите топлото попладне на децата весело.

Како се припрема една чаша милкшејк:
Се става пола шолја млеко во блендерот, се додаваат неколку топки сладолед(во зависност колку густ сакате да биде),  исецкано овошје (доколку сакате) или чоколадо и неколку коцки мраз. Оваа смеса се пасира 1 минута во блендерот, најпрво на голема брзина а при крајот на поспора брзина.

Откако ќе го добиете милкшејкот повторно може да ставите чоколаден прелив или сируп, да го наполните со цреши или пак само шлаг како за крај. Израдувајте ги децата и целото ваше семејство!
protein-shake

- Реклама -