Во новиот филм на Мартин Скорсезе „The Wolf of Wall Street” Леонардо ДиКаприо го глуми амбициозниот Џордан Белфорт кој има дарба за заработување милиони и желба за забави.
„Кога наполнив 26 години заработив 49 милиони долари, што ме изнервира затоа што тоа е нешто помалку од милион неделно“, е една од репликите на Џордан.
Филмот е петта соработка меѓу Скорсезе и ДиКаприо и е заснован на мемоарите на некогашниот брокер Џордан Белфорт. Премиерно ќе биде прикажан на 15 ноември.
Во филмот глумат и Метју МекКонахи, Џона Хил, Жан Дижарде, Роб Рајаер.
[youtube]http://youtu.be/iszwuX1AK6A[/youtube]