Оделото не го прави човекот, но погрешниот избор на гардероба е исто така нешто што не би требало да го правиме. Еве пет „must have“ парчиња кои освен што ѝ ласкаат на женската фигура и се во тренд може да ги комбинирате со што сакате и да изгледате секси.
Малиот црн фустан
За предностите на малиот црн фустан, што го лансираше Коко Шанел, а во кој подоцна се прослави Мерилин Монро, не треба многу да се зборува. Освен што ја издолжува и истенчува силуетата, негова главна предност е тоа што одговара за сите прилики.
Долги сукњи
Ја издолжуваат фигурата и веќе неколку сезони се „must have“ парче. Може да ја носите во спортски, свечени, „casual“ комбинации, со принт или без…како што сакате.
Тексас јакна
Уште едно парче кое оваа сезона владее меѓу девојките. Класичната тексас јакна е здолжително парче за пролет и лето.
Чипкаста блуза
Топ од чипка и веќе сте магнет за мажите. Совет: кога купувате бирајте секогаш еден број поголем за да постигнете ефект на ноншалантност.
Кратки панталони со висок струк
Време е црното мини здолниште да го замените со кратки панталони. На женската фигура најмногу ѝ ласка крој со висок струк кои ги издолжуваат нозете.