Неизбежен дел од сечие детство се анимираните „Дизни“ филмови, кои секогаш успеваа со часови да не задржат пред ТВ-екраните. Ништо не може подобро да го измами вниманието на наивниот детски ум кој со задоволство ги впива шеќерните приказни за љубовта, пријателствата и семејството. Сепак, со текот на годините, полека учиме дека повеќето цртани и немаат до толку наивни приказни како што ни изгледало некогаш. Нивната искрена заднина е „брутално“ претставена во филмските постери на Кристин Гритмон, кој ги реименуваше нивните наслови.