Широките и исклучително удобни панталони што ги одбележаа седумдесеттите години оваа сезона се враќаат во мода.
Го носат називот Pallazo и совршено прилегаат на сите форми на тела, ги издолжуваат нозете и благодарение на тенките материјали совршени се за летните денови.
На популарните панталони не им одолеаја ниту славните девојки.
Последна во низата која ги искомбинира тренди панталоните за дневен изглед е младата Селена Гомез.