Колмар е третата најголема комуна во регионот Алзас во северо-источна Франција. Градот се протега низ Алзискиот вински пат и не би било премногу кога би се нарекол центар на перфекцијата. Тој е најмногу познат по неговите добро сочувани стари градби, безбројни архитектонски знаменитости и музеи, живописност и автентичност. Ова бајковито место многумина го нарекуваат мала Венеција, а дека вреди да го посетите некогаш во животот ќе се уверите од галеријата подолу.