Последната епизода од серијата „Game of Thrones“ постави нов рекорд, имено таа постана епизода која е најмногу пати илегално симната од интернет. Иако сите мислеа дека епизодата „Red Wedding“ ќе ја намали гледаноста на телевизиското шоу, се случи токму она спротивното.
Последната епизода од третата сезона е илегално симната повеќе од милион пати од различни „Торенти“ за помалку од 24 часа. „Game of thrones“ од нејзиното емитување па се до сега илегално ја симнале повеќе од 4.28 милиони луѓе, па така постави уште еден неславен рекорд, како серија која со најмногу илегално симнати епизоди.