НАСА бара мрзливи луѓе за 5000 долари месечно

Истражувањето ќе биде поврзано со последиците од патувањето во нулта гравитација и ќе се извршува во Хјустон.
Се што ќе треба да правите е да лежите во кревет и да ги оставите научниците да си ја вршат работата. Ќе бидете подложени на тестови на мускулите, коските, срцето, мозокот, нервите и што уште не.

Првите 15 дена ќе се спроведат сите тестови за да се постават почетните резултати. После тоа доаѓа тешкиот дел. 60 дена ќе треба да лежите во посебен дизајниран кревет, во кој периодично ќе ве тестираат.
Nasa_UNB_3

Последните 14 дена, научниците ќе се посветат да ви ги зајакнат мускулите и да ве вратат во “нормала”.
Распоредот е 16 часа да бидете будни, 8 часа за спиење. Во вашите 16 часа можете да правите што сакате. Од играње игрици, сурфање, читање книга па дури и ќе имате термин за посети!
Има заинтересирани?

Прочитајте и:  Нови снимки од Јупитер, веројатно најдобрите досега
- Реклама -