Најсреќните случувања се и најстресни

Интересно е дека некои од најважните моменти во нашиот живот истовремено можат да бидат и најстресни. Случувањата што не чинат најрадосни, како што е влегувањето во брак со саканата личност, моментот кога стануваме родители, годишниот одмор и слично можат да предизвикаат стрес.

Одмор
Да ја напуштите канцеларијата и да се исклучите од работа е нешто што по дефиниција треба да опушта, а всушност може да биде стресно. Психолозите велат дека треба да се применува начелото да бидете овде и сега и тоа ќе ви помогне да се ослободите од мислите поврзани со работата додека сте на одмор. Насочете се на тоа да не работите. Повеќето од нас се склони да се осудуваат во текот на одморот а особено зависниците од работа.

Депресивна недела
За многу вработени луѓе неделата е ден за одмор,но се повеќе личи на ден за стрес. Феноменот на неделната депресија се опишува како чувство на осаменост и депресија што произлегува од стравот поради работната недела што е пред нас. Ако страдате од неделна депресија психолозите препорачуваат да бидете активни.

Нова работа
Промената на работата или качувањето на скалата на успехот по правило звучи позитивно и возбудливо, но тој нов почеток може да создаде притисок и грижа поради очекувањата на претпоставените, новата средина и новите задачи.

Нова љубов
Иако се покажало дека љубовта го намалува стресот, во раните фази на заљубување и стапување во врска можат да бидат стресни и да создадат емотивен вител. Интимноста со новиот партнер може да предизвика страв, анксиозност , хормонски промени и чести промени на расположението.

Венчавање
Во овој случај се мешаат лудилото околу планирањето на венчавката и стравот од заеднички понатамошен живот. Планирањето на совршена и неодолива венчавка е огромен стрес за многу невести.

Одење во пензија
Финансиските грижи, анксиозноста поради напуштање на работата и борбата за приспособување на новиот начин на живот често е многу стресно во раните фази на одење во пензија. Оставајќи ја работата и привикнувајќи се на помирниот начин на живот претставува најголем проблем за човекот кој заминува во пензија.

- Реклама -