Побиен уште еден бугарски фалсификат

Бугарите долго време тврдеа дека Баба Ванѓа се изјаснувала како Бугарка.
Ова е копија од пасошот на Баба Ванѓа, каде јасно се гледа дека таа иако живеела во Бугарија, по националност се изјаснила како Македонка.

Баба Ванѓа (Вангелија Пандева Гуштерова) е родена 1911 година во Ново Село, Струмичко.
Како дете на 12 години е жртва на силна бура , која ја крева од земјата и силниот ветер ја носи далеку од местото кај што стоела. После долга потрага , од соселаните е најдена затрупана со песок и камења во една нива. По овој настан Вангелија го губи видот и почнуваат нејзините предвидувања со кои ќе стане позната не само на Балканот, туку во цел свет.

Прочитајте и:  Еден загинат и двајца исчезнати по експлозии во магацини за пиротехнички материјал близу Софија

Подоцна таа се мажи и се преселува во регионот Рупите (Петричко) Пиринска Македонија. Пиринска Македонија по Балканските војни е во составот на Бугарија и затоа баба Ванѓа имала бугарски пасош, но како што се гледа од пасошот, таа останала МАКЕДОНКА до крај.

Превземено од:  ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН

- Реклама -