Протестите продолжуваат во Турција. Тоа што го одбележи денешниот ден е употреба на беџови со ликот на Мустафа Кемал Ататурк, како старо-нов симбол на промените во Турција. Во сите поголеми градови, бројот на демонстрантите само се зголемува. На плоштадот Таксим во Истанбул, се обединија сите синдикати, студенти и најобични граѓани. Паролите против актуелниот премиер Реџеп Ердоган се веќе подолго од недела дена присутни.
Демонстрантите побараа сите шефови на полициските станици да бидат сменети, поради екстремната употрба на сила. Полицијата и понатаму ги покрива својте идентификувачки броеви, за да не бидат фотографирани и идентификувани, како насилно се справуваат со демонстрантите. При ваква практика на полицијата, скоро без исклучок насилствата скоро секогаш ескалираат.