Утре во 20 часот во кино Милениум ќе се прикажува премиерата на првото заедничко филмско остварување на фамилијарниот, холивудски, актерски тандем Jaden и Will Smith, филмот „Земја: нов почеток“, со оригинален наслов „After Earth“.
„After Earth“ (Акција, Авантура, Научна Фантастика) е во режија на M. Night Shyamalan, а во главните улоги ќе ги гледаме Jaden Smith, Will Smith, Sophie Okonedo.
[youtube]http://youtu.be/CZIt20emgLY[/youtube]
Илјадници години по катаклизмата и бегството од планетата Земја, човековиот род добива нов дом – НОВА ПРАЈМ. Легендарниот генерал Cypher Raige конечно се враќа од долгогодишна должност за да се посвети на фамилијата и на неговиот 13 годишен син Kitai. Но работите се комплицираат кога астероид ќе го погоди нивниот летечки брод и тие ќе се најдат на непознат и опасен терен, на Земјата, овој пат завладеана од чудни и опасни животински суштества. И додека Cypher лежи повреден по падот, во остатоците од своето летало, Kitai е испречен пред својот прв, но неизмерно важен предизвик, да го спаси својот и животот на неговиот татко.