Порнографијата ќе добие научен магазин

Новиот магазин, кој би требало да се појави на почетокот на наредната година, ќе ги истражува навиките на луѓето поврзани со порнографијата. Магазинот кој ќе се вика “Студија на порнографијата”, ќе се посвети на критичко истражување на бројните производи и сервиси од овој домен.
244331_avn_f

Магазинот ќе биде објавен од академската куќа “Routledge” а покрај порнографијата, ќе се посвети и на истражување на филмот, медиумите, законите и криминологијата.

Издавачот се надева дека со овој журнал ќе одговори на вечното прашање: Дали порнографијата е лоша за нас?

- Реклама -