Дваесет и петгодишната актерка синоќа е пронајдена мртва во својот дом. Најверојатно девојката се обесила.
Боливудската актерка Џиа Кан синоќа е пронајдена мртва во нејзиниот стан во индискиот град Мумбај. Како што пренесува BBC таа најверојатно се обесила.
Телото на Кан го пронашла нејзината мајка, а во станот не било пронајдено проштално писмо.
Полицијата почнала истрага за утврдување на точната причина за смртта.
Актерката е родена во Њујорк, а живеела во Лондон пред да се пресели во Мумбај за да оствари кариера во Боливуд.
Глуми во филмовите „Nishabd“ и „Ghajini“, а последниот ангажман го имаше во комедијата „Housefull“ како главна улога.