3 од 3, сите близнаци

Карен Роџер (41) и нејзиниот сопруг Колин (44) од Шкотска се несекојдневна брачна двојка! Деновиве Карен на свет донела две девојчиња. И тоа не е толку чудно, освен тоа што се трети по ред двојајчани близнаци. Докторите велат дека шансите за ова да се случи се 500.000 наспроти 1.

Среќната мајка изјавила: Неможев да верувам. Не ми падна на памет дека такво нешто може да ни се случи на нас. Три близнаци по рeд, немам слушнато за такво нешто! Таткото пак, од друга страна, кога бил известен за новите членови во семејството, мислел дека се работи за некоја шала.

Колин исто така истакнал, дека ќе мора да најде уште една работа, поради тоа што ќе им треба ново возило со 7 седишта и најверојатно нова куќа.

На сликата: Карен и Колин, Луис и Кајл (14), Фин и Џад (12) и девојчињата Руен и Исла.
dobila-blizance-3

- Реклама -