Оние кои не се задоволни од својот сексуален живот, знаат да бидат депресивни и нервозни. За да го избегнете тоа. еве што не треба да правите во креветот.
За добар секс пресудна е обострана хемија и страст меѓу партнерите. Иако оваа формула изгледа многу едноставно, сепак постојат и некои фактори кои можат да ги искомплицираат нештата. Доколку се препознаете во некои од долунаведените ситуации, земете ги работите во свои раце и направете промена.
Секс без страст
Доколку сте и вие една од оние личности кои сексуалното уживање го мешаат со обврска која мора да се направи, за врската да биде успешна, а последниот оргазам сте го доживеале минатото лето, време е да направите чекор. Проблемот не е во вас, туку во начинот на пристапот кој го имате за чинот.
Предиграта и заведувањето ги расплинуваат страстите, па доколку сакате да го доживеете врвот, не би требало да ги прескокнете. Вашето тело препознава таква ситуација и на таквиот пристап, ќе реагира на вистинскиот начин. Опуштете се и доживејте незаборавно искуство.
Секс по распоред
Иако е добро да бидете организирани и да водите сметка и за најмалите ситници, сексот никако не би требало да биде на вашата листа на обврски. Можеби е тешко да пронајдете време за романтично водење љубов под светлината на свеќите ( и други исклишрани митови за добар секс) но она што не смеете да го загубите се желбата и спонтаноста.
Секс на екс
Сексот на брзина, може да биде навистина страстен и пожелен, но доколку секој ваш однос со партнерот безволно трае неколку минути, време е да се запрашате – дали е навистина тоа, она што можам да го дадам од себе?
Превземете контрола, иницирајте предигра, која е всушност иницијална капсула за распламенување на страстите. Наметнете темпо во кое и двајцата ќе уживате.
Секс како рутина
После одредено време поминато со партнерот, паровите веќе на памет знаат која положба за време на сексот најмногу им одговара или на кој начин најбрзо ќе дојдат до врвот. Иако тоа не е лоша работа, тенка е границата меѓу препознавање на потребите на партнерот и монотонијата.
Задржете ја својата рутина, но секако направете некој новитет кој ќе ја разбие воспоставената шема.