Направете волшебна фризура на едноставен начин (Видео)

Не ви е потребен повод, за да изгледате како принцеза оваа пролет, а со ваква плетенка  ќе се чувствувате како да носите круна.За да ја направите оваа фризура, популарно наречена „Француска чипка“ поделете ја косата на три дела: Најблиску до ликот, среден и најдалеку од ликот. Потоа плетете ги по следниот редослед:

1. Ставете го најдалечниот прамен, преку средниот.

2.Додадете малку коса на крајот на праменот кој е во средина.

3. Преклопете го најблискиот прамен преку средниот.

4. Додадете малку коса од предната страна кон праменот во средината.

Повторувајте ги сите четири чекори додека на сплетете цела плетенка, која можете да ја носите на различни начини. Четвртиот чекор можете и да го прескокнете, во зависнот од тоа во кој правец сте замислиле да „оди“ вашата плетенка.

Погледнете го овој тутуријал, во кој  на наједноставен начин се објаснети постапките, во суштина, е лесно.

 

- Реклама -