Трендовите оваа пролет се навистина лежерни, цветни и во знакот на нежноста и женственоста, а таквите модни идеи ја инспирираат и привлекуваат секоја девојка која ја сака модата.
Ви предлагаме неколку стилови за оваа пролет, а ваша задача е да изберете кој стил најмногу ви се допаѓа, па да заблескате како пролетна дива!
Тексас јакна
Тексасот оваа сезона е пожелно парче за облекување, а тексас јакната идеално може да се искомбинира со пролетно фустанче во текот на постудените пролетни вечери.
Цветни дезени
Одберете цветно фустанче, маичка или панталони што би се вклопиле во сончевите денови. Докажано е дека цвеќето носи добро расположение, па ви предлагаме да носите ваква облека за да ви поттикне добро расположение.
Високи потпетици
Планирате да купите нови кондури? нека бидат тоа штикли со висока потпетица, бидејќи на тој начин ќе ја изразите женската силуета и ќе стекнете впечаток на самоувереност, а сите жени така изгледаат и се чувствуваат повеќе секси, отколку на рамни балетанки. Одберете тренди боја или нијанса на циклама, за да уживате во свежите пролетни бои.
Жолто сако
Жолтата боја оваа сезона дефинитивно е во тренд, па затоа ви предлагаме да ја искомбинирате со разни пролетни фустанчиња.