Мајката со гушкање го оживеала своето бебе, два часа откако докторите го прогласиле за мртво!?

Откако докторите се откажале од секоја надеж дека ќе го оживеат прерано роденото бебе, го однеле кај мајката Кејт Ог за да се поздрави со него за последен пат. 

Таа плачејќи му зборела колку многу го сака и упорно го одбивала фактот дека треба да се збогува со него. И покрај тоа што Џејми имал сестра близначка Емили која била успешно породена без никакви проблеми, Кејт цели два часа го држела само него. Нејзиниот сопруг веќе не верувал во чуда па го одвиткал Џејми од кебенцето за да може да го почувствува на неговата кожа. И тогаш се случило чудото.

Двајцата тажни родители цврсто го гушнале за последен пат кога приметиле дека Џејми се обидел да вдиши. Докторите веднаш го отфрлиле движењето како само обичен рефлекс, но збунетата мајка ги игнорирала докторите и му дала малку мајчино млеко од нејзиниот прст. Тогаш 27 неделното бебе почнало самостојно да диши. Целата соба била исполнета со крици и воздишки во неверување. Кратко време потоа ги отворило и очите. Тоа било чудо. Џејми за прв пат ја подал раката, ја префрлил главата од една страна на друга и го зграпчил прстот на својата мајка.

article-1306283-0AEB63C3000005DC-313_468x491

Гордата Австралијанка говорела јавно за тоа колку е важно болните новороденчиња да бидат во прегратка и да се спроведе техниката „кожа на кожа” за да се одржи температурата на бебето. Таа техника се вика „Кенгурска грижа” и покажала дека го намалува нивото на инфекции, има помала стапка на сериозни болести, го подобрува ритамот на спиење кај новороденчињата и го намалува ризикот од хипотермија.

Истражувањето од страна на Каролинска Институтот во Стокхолм покажало дека после 4 часа, 90 проценти од бебињата кои добиваат „Кенгурска грижа” ја постигнуваат нормалната телесна температура, за разлика од 60 проценти кои се поставени во инкубатор. Исто така, се наведува дека ризикот од прегревање е намален, поради тоа што кога ќе се постигне 37 степени, вишокот на температура се пренесува на мајката.

- Реклама -