Продуцентот на успешната HBO серија „Game of Thrones“, Френк Воглер смета дека епската фантазија заснована на романите на Џорџ Р.Р. Мартин би можела да трае седум сезони.
Џорџ Р.Р. Мартин до сега има напишано пет романи од сагата „A Song of Ice and Fire“ на кои се базира серијата, а во план има уште две.
„Вкупниот број на сезони сѐ уште се утврдува. Третата сезона е прв дел од третата книга, четвртата ќе биде вториот дел. Мартин напиша пет делови, а шестиот и седмиот чекаат на ред. Јас се надевам дека ако сите преживееме и ако публиката остане со нас дека ќе стигнеме до седма сезона“, изјави на доделувањето на BAFTA Audience Award, Френк Воглер.