Уживајте во прекрасниот вкус на овој лесен десерт. Рецептот е едноставен и не треба да поминете многу време во кујна за ова колаче да се најде на вашата трпеза.
Состојки
2дцл кафе (инстант,еспресо или нес)
3 до 4 лажици коњак
3 јајца
100г шеќер
250г маскарпоне сирење
120г пишкоти
какао
Подготовка
Подгответе го кафето и оставете го да се олади. Додајте го коњакот во него. Во добиената смеса сматете ги жолчките и шеќерот. Додавајте го сирењето и истовремено матете. Во плех за печење во форма на коцка наредете ги пишкотите кои претходно ќе ги навлажните во кафето. Прелијте со кремот и повторете ја постапката. Одозгора наросете какако, покријте со фолија и оставете го тирамисуто во фрижидер неколку часа.
Совет
По вкус десертот може да го украсите со шлаг или чоколаден прелив.