Откако минатата недела беше објавен видео доказ дека „Arrested Development“ се враќа на малите екрани, сега е објавен и трејлерот за четвртата сезона.
Премиерата на првата епизода ќе се емитува на 26 мај, а сите 14 епизоди ќе бидат истовремено достапни на Netflix. Новата сезона е концептуално поразлична од оригиналот и секоја епизода ќе биде посветена на некој од ликовите, а единствено Мајкл ќе остане ткивото што го спојува семејството.