Базиран на вистинска приказна, филмот „Captain Phillips“ ја раскажува драматичната авантура на капетанот Ричард Филипс кој во 2009 година се соочува со Сомалиските пирати кои ќе го киднапираат бродот што плови под американско знаме.
Инаку, станува збор за прв американски брод киднапиран од пирати во последните 200 години. Филмот е во режија на Пол Гринграс, а покрај Том Хенкс во него ќе ги гледаме и Кетрин Кенер, Макс Мартини… Премиерата е закажана за 11 октомври.