Познатиот фотограф Хенри Харгрејвс деновиве е актуелен со неговиот последен фотографски проект насловен „Band Riders“. Имено, Хенри прочепка во листата на барања зад сцената на најпознатите ѕвезди во светот како Лејди Гага, Аксел Роуз, Принц, Бијонсе итн, а резултатот од визуелизирањето на истите изгледа вака…
Мерлин Менсон
Барање: Гумени бомбони
Френк Синатра
Барања: По едно шише од следните пијаоци: Absolute, Jack Daniel’s, Chivas Regal, Courvoisier, Beefeater Gin, бело вино, црвено вино. Дваесет и четири ладни џамбо ракчиња, капки за кашлица.
Аксел Роуз
Барање: Бел свеж леб и „Dom Perignon“.
Бијонсе
Барања: Сочно печено пилешко, во голема мера зачинето, лук, морска сол, бибер. Бијонсе пие само Пепси производи.
Баста Рајмс
Барања: Дваесет и четири парчиња пржено пилешко, „Rough Rider“ кондоми, „Guinness“.
Лејди Гага
Барања: Мали парчиња сирење (да не се миризливи или влажни), на мраз.
Nine Inch Nails
Барање: две пакувања пченкарен скроб.
Бритни Спирс
Барање: риба и чипс, чизбургери од МекДоналдс, 100 парчиња сливи и смокви, врамена слика на принцезата Дајана.
Foo Fighters
Барање: Огромен колбас.
Мараја Кери
Барање: шампањ во кристална чаша со извиткана сламка.
Принц
Барање: Кафе и чај, мед, лимон, шеќер, крем, свеж корен од ѓумбир. Природниот лек ќе се користи за креирање на Б-12 инјекција.
Ријана
Барања: Тврдо варени јајца, сланина од мисирка и мисиркин колбас, во секое време во текот на денот.