Второто продолжение на акционата комедија „Red“ ќе почне да се прикажува на 19 јули. Во филмот главните улоги ги толкуваат неповторливите Брус Вилис, Ентони Хопкинс, Џон Малкович, Хелен Мирен, Кетрин Зета Џонс…
Во продолжението ќе гледаме уште една мисија на пензионираниот агент на ЦИА, Френк и неговата невообичаена екипа на елитни оперативци.
Режијата е на Дин Парисот, а сценариото на Ерик и Џон Хобер.