Џеф Милс на „Егзит“

Ди-џејот Џеф Милс ќе настапи на Денс арената во рамки на овогодишното издание на фестивалот „Егзит“ во Нови Сад. На познатото име во светот на електронската музика ќе му се придружат и Метју Џонсон и Грегор Тешер.

По повеќе од 20 години на сцената, продуцентот, музичар, фотограф и режисер Џеф Милс и понатаму важи за водечки ди-џеј во светот. Основачот на урбаната музичка организација „Underground Resistance“ и носител на титулата витез на уметноста во Франција, вели дека неговиот успех лежи во константната иновација.

„Никогаш не сум се држел до минатото. Кога заминав од Детроит и „Underground Resistance“, ги напуштив засекогаш. Тоа можеби не беше најдобрата работа, но ми помогна во создавањето нови идеи“, рекол Милс кој има издадено повеќе од 20 албуми.

Прочитајте и:  Занаду: Студиото е нашата  плажа летово

ci305_8975_jeff_mills

Американскиот ди-џеј посебно е интересен дека користи повеќе од 70 различни плочи во текот на едночасовен настап, па посетителите на „Егзит“ ги очекува динамична вечер.

Своите настапи на Денс арената ги потврдија и „Pan-Pot“ и Матадор. Публиката на оваа арена ќе има прилика да ги проследи и настапите на канадскиот продуцент Метју Џонсон и неговиот колега од Германија Грегор Тешер.

- Реклама -