Денес, 23 април, е назначен како светскиот ден на книгата, издаваштвото и на авторското право.
За прв пат УНЕСКО го претвори овој ден во значаен настан во 1995-тата година, со цел да ја поттикне публиката почесто да ужива во пишаниот збор, да им оддаде признание на писателите, да ги охрабри издавачите и да потсети на важноста на авторските права.
На овој ден се починати и славните писатели Мигел де Сервантес, Вилијам Шекспир и Инка Гарсиласо де ла Вега.
По повод светскиот ден на книгата, утрово во просториите на НУБ „Св.Климент Охридски“ беше одржана свечена манифестација на која беше прочитана пораката од генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова како и пораката на познатиот поет и есеист Никола Маџиров.
Овој ден претставува убава можност заедно да размислиме за подобро ширење на писмената култура и да му овозможиме на секој поединец, маж, жена, дете, да ни се придружи во ширењето на читањето и поддршката на занаетите и умешностите поврзани со издаваштвото, книжарниците, библиотеките, училиштата. Книгите се нашите сојузници во ширењето на образованието, науката и културата и на информациите насекаде во светот, пишуваше во пораката на Бокова.