Островите Ваду на Малдивите, се препознатливи по тоа што претставуваат вистинско парче рај на земјата. Сепак, сите кои некогаш ја имале таа среќа да ги посетат, знаат дека островите се магични токму поради изненадувањата кои ги носат во ноќта.
Имено, ова е едниственото место во светот каде се појавува овој природен феномен кој прави навечер водата да изгледа дури и поубаво од нејзината дневна тиркизна нијанса. Смирувачката сјајна вода која личи на огледало, ги рефлектира сјајните ѕвезди од небото. Сепак, тоа не е причината за нејзиниот волшебен изглед.
Тајната е во хемиската реакција која настанува благодарение на фитопланктонот-морските микро организми со кои изобилува ова место, а кои произведуваат светло сина сјај.
Овие необични видови ја креираат најромантичната природна атмосвера во светот, кој секој би посакал барем еднаш во животот да ја види со сопствените очи.