И покрај фактот дека кафето може да го најдете на секој ќош, неверојатно е тешко да се погоди вистинското. Најчесто се случува да му недоставува шеќер, да е премногу јако или слабо.
Ви ги претставуваме најчестите осум грешки при подготвување на кафето поради кои тоа не е онакво какво што го сакате.
1.Преварување на кафето
Кога вкусот на кафето е горчлив, тоа е знак дека премногу сте го вареле. Понекогаш виновник за тоа е ѓезвето во кое го спремате, па едноставно заменете го. Колку треба да се вари едно кафе зависи од неговиот вид.
Поделбата е следна:
-еспресо 2,5 минути
-турско кафе 45 секунди во зовриена вода и
-пржено кафе шест минути
2.Претопла вода
Употребата на вода со соодветна температура е пресудна за одличен вкус на кафето. 100 степени е идеална температура затоа што во неа се добива најдобра арома и најдобар вкус.
3.Го игнорирате соодносот вода-кафе
За најдобро кафе, треба да се користат две лажици кафе на 180 милилитри вода.
4.Користите претходно смелено кафе
Иако ви е тешко наутро да издвојувате време да мелете кафе, многу е подобро тоа да го правите секој ден пред подготовка на вашиот омилен напиток.
5.Го бирате најевтиното кафе
Економичноста е добра одлука, но често се случува евтините зрна кафе да се и оние најслабите. Наместо да купувате кафе по најниски цени, заштедете пари така што ќе го намалите пиењето кафе по кафулиња и ресторани.
6.Неправилно чување на кафето
Ако сакате да го сочувате кафето свежо, држете го во херметички затворен сад, на студено и темно место. Стаклените и керамичките садови се најдобро решение.
7.Замрзнување на кафето
И покрај тоа што мислите дека замрзнувањето на кафето го чува неговиот вкус, се случува токму спротивното. Ако кафето не се чува во херметички затворени садови, ја презема миризбата од фрижидерот. Ако мора да го чувате кафето во фрижидер, тогаш проверете дали садот во кој се наоѓа е добро затворен.
8.Употребувате старо кафе
За најдобар вкус на кафето користете свежи зрна. Внимавајте на рокот и купувајте во мали количини.