Трејлер за новото видео на Daft Punk за песната „Get Lucky“

Учесниците на годинашниот музички фестивал „Coachella“ кој се одржуваше викендов добија ексклузивна можност да го погледнат трејлерот за новото музичко видео на Daft Punk за песната „Get Lucky“. Ова е првиот сингл од претстојниот студиски албум „Random Access Memories“, а песната вокално ја исполнува познатиот рапер Фарел Вилијамс. Освен што беше премиерно прикажан трејлерот на големо платно за време на фестивалот, репризно беше пуштен и во последната епизода на „Saturday Night Live“ викендов.

- Реклама -