Лоцирано во близина на островите Мариета, во Мексико, се наоѓа прекрасната скриена плажа позната под името „Playa de Amor“ (Плажа на љубовта). Многумина во неверување дека е можно да постои таква убавина тврдеа дека таа е производ на фотошоп. Сепак, оваа плажа навистина постои, а за нејзиниот специфичен изглед е најзаслужна вулканската активност која се случила пред повеќе од илјада години. Островите претставуваат национално богатство, а за да се стигне до неа посетителите мораат да пливаат низ краткиот тунел, кој на крајот ве носи до прекрасната мала песочна плажа.
[youtube]http://youtu.be/MRogSGL0qVw[/youtube]