Симон Шуберт е уметник кој живее и работи во Келн, Германија. Роден е во 1976-та година, а е уникатен по неговите дела во кои единствениот материјал со кој се служи е хартијата. Кога светлоста е добра, на парчето хартија се појавува неочекувана живост благодарение на нејзиното прецизно прекршување. Шуберт вели дека неговата инспирација доаѓа од литературата, филмот и уметноста.