Кeсл Комби важи за едно од најубавите села во Англија, и тоа со добра причина. Се наоѓа во областа Вилтшир, а посетителите речиси цел век редовно доаѓаат да се восхитуваат на шармот и убавините кои ги нуди малото идилично англиско селце. Иако претставува вистинска туристичка атракција, сепак, во градот живеат едвај 350 жители, па секогаш можете да пронајдете мир и спокој доколку го посетите. Освен зеленилото и специфичната архитектура за која се карактеристични камените збиени куќарки и тесните улички, селото го красат и неколку познати градби меѓу кои средновековната црква и „Manor House“ хотелот со 4 ѕвезди, кој е изграден во 14 век и има 48 соби.