Гиеторн е мало идилично село во Холандија, каде животот на жителите е секојдневно исполнет со чист воздух и убави пејсажи. Селото кое некои го нарекуваат холандска Венеција стана локално познато после 1958-та година, откако во него беше снимена познатата комедија „Fanfare“. Доколку некогаш сакате да го посетите ова прекрасно место, залудно ќе ви биде да тргнете со автомобил, бидејќи една од неговите главни карактеристики е тоа што нема патишта во селото. Едниствениот начин да стигнете до него, е доколку одите со чамец низ многубројните канали.