На островот Санторини се наоѓа хотелот „Astarte Suites“, мал и интимен со само единаесет апартмани, но прекрасно уреден и со волшебен поглед. Сместен буквално на работ на карпестите предели „Astarte Suites“ на посетителите им нуди спектакуларни панорамски пејсажи.