Легендарниот париски хотел Plaza Athénée годинава го прославува 100 – годишниот јубилеј. Точно пред еден век, во француската престолнина Париз , своите врати ги отвори еден од првите хотели кои се вбројуваат во премиум класата.
Plaza Athénée е лоциран на авенијата Монтањ и меѓу неговите ѕидови присутствувале илјадници култни посетители и тоа Моне, Френк Синатра, Вуди Ален, Џек Николсон, Џони Деп и многу други.
Во текот на изминатиов век на постоење во хотелот биле одржани безброј културни церемонии и светски гала – вечери.
Во склоп на хотелот веќе 13 години успешно работи ресторанот Alain Ducasse au Plaza Athénée под раководство на култниот мајстор на кулинарството Ален Дукас и СПА салонот на францускиот моден бренд Dior.
Магијата на Париз раскажана низ фотографиите на хотелот Plaza Athénée изгледа вака: