Кога поминувате многу време работејќи во Microsoft Excel, можеби ќе ви падне на памет и нешто забавно.
Канадскиот сметководител Кери Вокин одлучи да го искористи Excel за нешто пооригинално и ја создаде играта Arena.Xslm.
Настанала со користење на „macros“, едноставен програм кој корисниците го користат за забрзување на работата во програмата.
Целта на играта е да се победат низа непријатели во арената која е сочинета од основните интерпукциски знаци, а се борите против анаконди, црни вдовици, пајаци и хиени по што добивате поени.
Вокин рекол дека му биле потребни четири месеци да ја заврши играта и дека постојат над две илјади различни непријатели.
Играта работи во Excel 2007, 2010 и 2013, но не и во верзијата за Mac, а може да ја симнете ТУКА.