„7 Days in Havana“ и „The Host“ утре премиерно ќе се прикажуваат во кино Милениум.
„7 Days in Havana“ е драма во режија на Gaspar Noé и Benicio Del Toro, а главните улоги ги толкуваат Josh Hutcherson, Daniel Brühl, Emir Kusturica, Elia Suleiman, Melissa Rivera, Jorge Perugorría…
Седум режисери ни ја нудат сопствената визија за современа Куба во оваа епизодна драма во која се преплетуваат човечки животи во период од седум дена. Бенисио дел Торо својата приказна ја фокусира на првите впечатоци кај туристите за земјата, Хуан Карлос Табио ги истражува секојдевните маки и ситни задоволства кои ги искусуваат локалните жители, Лоран Канте ни ја дава приказната за едно религиозно јорупско семејство кое се подготвува да принесе жртва, Хулио Мадем нè внесува во еден страстен љубовен триаголник, Гаспар Ное предизвикува религиозна тензија со егзорцизам, Елија Сулејман нè запознава со еден странец (кој самиот тој го глуми) кој шета низ Хавана во очекување на нешто необично и Пабло Траперо ни ја дава приказната за еден славен актер кој доаѓа во Хавана за да добие награда за своето дело.
Филмот ќе се прикажува од утре во 22 и 30 часот.
[youtube]http://youtu.be/mk8M5wIgqE8[/youtube]
„The Host“ е во режија на Andrew Niccol, а во оваа акциона авантура главните улоги ги толкуваат Saoirse Ronan, Max Irons, Jake Abel, Diane Kruger…
Кога невидливиот непријател му се заканува на човештвото, окупирајќи ги телата на луѓето и бришејќи ја нивната меморија, Мелани ќе ризикува се што има за да ги заштити оние кои најмногу ѝ значат, докажувајќи дека љубовта надвладува и во суровиот нов свет.
Филмот ќе се прикажува од утре во 20 часот.
[youtube]http://youtu.be/SRKjf8b4f2E[/youtube]