Германскиот дизанер Вернер Аслингер е создавач на најновата колекција на мебел The Bikini Island која плени со својата оригинална практичност.
Станува збор за колекција која ќе биде дел од италијанскиот бренд за мебел Моросо и која ќе биде изложена на Миланската изложба на мебел од 9 до 14 април.
Колекцијата се состои од столови во неонски градирачки нијанси и со традиционална форма, како и седечки гарнитури во комбинација со полици за книги и мини масички. Името на колекцијата е дадено по впечтливите летни бои на мебелот.