Можеби мислите дека ги знаете сите тајни, но ќе ви претставиме уште осум трикови кои ќе ви помогнат да ги сочувате вашите заби бели и да ја истакнете блескавата насмевка!
Не претерувајте со четкање
Една од најмалку познатите тајни е избегнување на често и долго четкање. Исто така се препорачува по јадење да почекате барем половина час пред да ги измиете, а тоа да го правите со нежни движења.
Намалете со виното, кафето и чајот
Виното, кафето и чајот оставаат темни дамки на забите. Ако е можно, кога пиете некои од овие напитоци користете сламка за да имаат малку контакт со забите. Исто така, избегнувајте ги сите темно обоени пијалаци.
Гуми за џвакање
Џвакањето помага да се создаде големо количество на плунка, која е секогаш добра работа, бидејќи ја чисти усната шуплина. Плунката, исто така, помага да се неутрализираат бактериите кои предизвикуваат расипување на забите и заболување на непцата. Другите предности на мастиките за џвакање се намалување на стресот и желбата за слатки.
Избегнувајте кисела храна
Не заборавајте дека храната што ја јадеме значително влијае на појавата на жолти заби. Избегнувајте кисела храна и пијалоци, како што се спортски пијалаци, газирани пијалаци, грицки богати со шеќер, лимон, тврди бонбони и друга храна богата со скроб. Храната што е добра за вашите заби вклучува зеленчук и овошје богати со влакнести материи, вода и житарки.
Пробајте третмани за избелување
На пазарот има многу „домашни производи за избелување на забите”, кои ќе ви помогнат да добиете блескава насмевка без многу пари. Пред да се одлучите за некој од нив, распрашајте се кој метод најмногу ви одговара. Ако немате многу време, побарајте третмани кои траат десет минути или помалку.
Користете производи за избелување
Паста за избелување на забите, течност за плакнење на устата и конец за чистење може многу да ви помогнат во елиминирање на темните дамки.
Јадете повеќе трврда храна
Со цел побели заби јадете повеќе јаболка, целер, моркови и круши кои природно ги чистат забите. Крцкавата текстура помага во отстранување на честичките кои предизвикуваат дамки. Само не заборавајте дека тие треба да се јадат цели, а не сецкани на мали парчиња.
Користете конец за заби
Ви се чини дека користењето на конецот за заби е добра идеја само кога ќе ви се заглави нешто во забите, но дека неговата употреба не помага за избелување на забите? Грешите, затоа што со него се ослободувате од дамките и бактериите меѓу забите, па тие изгледаат побели. Со оваа навика ќе го спречите и непријатниот здив и создавањето кариес.