На „тврдите“ момци не им е потребно оружјето. Напротив, тие изгледаат многу „покул“ кога гледаат позитивно на работите, а доказ за тоа е и галеријата подолу. Комичната веб-страница „Thumbs & Ammo“, е место каде корисниците ги објавуваат нивните фотошопирани дела извадени од филмските сцени, во кои оружјето го заменуваат со кренати палци. Засега има повеќе од 100 објави, а нивната бројка од ден на ден расте се повеќе.